Поврзи се со нас

Гостивар

„Да ја продолжиме традицијата“, настан во Гостивар посветен на жените од руралните средини

Објавено

на

Припаднички на понежниот пол од рурални средини од општините Гостивар, Маврово- Ростуше, Центар Жупа и Дебар, денес се собраа на заедничка манифестација насловена „Да ја продолжиме традицијата“. Настанот го организираше здружението на жени фармери „Моја Фарма“ од Гостивар, со цел да се презентира традиционалната кујна, органски произведена храна и ракотворби, како и да охрабри економското јакнење на жените од руралните средини низ дебата за предизвиците и можностите кои ги имаат. Истовремено за дружење без оглед на вера и нација и разменување искуства.

„Жените од руралните средини континуирано се соочуваат со ограничувања и проблеми поради стереотипите и традицијата од средината во која живета, а тие се столб во производството на безбедна земјоделска храна. Тие сочинуваат значителен дел од земјоделската работна сила, која во најголем број случаи е неплатена семејна работна сила, се грижат за старите изнемоштени лица и за своите деца во кругот на семејството, но за жал гласот на руралната не се слуша. Од сетоа тоа произлегува дека жените од руралните средини можат да бидат толку продуктивни, но не се економски зајакнати и силни за да бидат далеку препознаени и вреднувани“, истакна Ранкица Божиноска, членка на здружението „Моја фарма“.

За своите искуства како жена земјоделка, проблемите, тешкотиите и перспективите на руралните пред присутните зборуваше Живка Ѓурчиновска од гостиварско Тумчевиште, претседателка на „Моја фарма“.

„Предизвици има многу и тие се големи, но ние не се откажуваме. Секоја работа што ќе ја фатиме, ја тераме до крај, затоа што сме добар и посветен тим. Така ќе продолжиме и во иднина, оосбено со акцент на младината, со проекти за нив“, рече Ѓурчиновска.

Жените учеснички презентираа најразлични традиционални специјалитети, пити, колачи, зимница, органски зеленчук и овошје, како и уникатни ракотворби карактеристични за крајот од кој што доаѓаат.

Проектот „Да ја продолжиме традицијата“ се спроведува по трет пат со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 6 минути

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 1 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 2 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 4 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена