Гостивар
Да се намалат гужвите, со редно бројче за вакцина во Гостивар

Откако беа воведени рестриктивни мерки за навакцинираните граѓани и коронавирусот зададе нов силен удар, во Гостивар драстично порасна интересот за вакцинација. Голем број граѓани поитаа што поскоро да примат барем една доза, со што добиваат дозвола да влезат во угостителски објект. Здравствениот дом минатата недела отвори дополнителни пункта за вакцинација во Врапчиште и Чегране, а за да се стави поголем ред во пунктот во градот сега се издаваат редни бројчиња.
„Поради забележителната гужва која се создаваше пред Здравстевниот дом во Гостивар се воведе практика пред самиот влез за вакцинација да се доделуваат бројчиња. Секој што сака да се вакцинира, зема редно бројче и чека да дојде ред. На тој начин вакцинацијата се одвива со помала тензија.“, рече на денешниот состанок на Кризниот штаб, д-р Марјан Силјаноски од Здравствениот дом.
Во пунктовите во селата на дневна основа се вакцинираат од 200 до 250 лица, а во градот околу 500 граѓани. Оние кои примаат прва доза добиваат Фајзер, со исклучок на лицата над 60 години за кои е достапна Астра Зенека.
Ревакцинација пак, се врши со Синовак и Астра Зенека, зависно која вакцина граѓаните.ја примиле првиот пат.
Во Гостивар против коронавирус до сега вакцинирани се околу 30.000 граѓани.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар