Македонија
Да се одложи почетокот на второ полугодие-предлог на Кризниот штаб
Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот предлага да се одложи почетокот на второто полугодие.
На состанок одржан вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.
„Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да се одложи учебната година до 01 февруари 2022, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.“, се вели во соопштението за јавност.
Во тек е седница на Владата на која се дискутира за предлогот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар