Гостивар
Да се одземат концесиите и на малите хидроцентрали во Маврово, повикува Еко-свест

Еко-свест ја поздравува владината одлука за одземање на концесиите на малите хидроцентрали на територијата на Националниот парк Шар Планина, но воедно го повикува Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе одлука и за одземање на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово.
Според Еко-свест, малите хидроцентрали прават непоправливи штети по реките и екосистемите и не смеат да се градат во заштитените подрачја.
-Владата вчера донесе многу важна и „револуционерна одлука“ за раскинување седум концесии за мали хидроцентрали во нововоспоставениот Национален парк Шар Планина и со ваквиот чекор овозможи да се заштитат важни локации за водниот и крајбрежен биодиверзитет на Шар Планина. Уште еднаш, недвојбено ја поздравуваме одлуката за Шар Планина и го повикуваме Министерството за животна средина да донесе одлука за одземање и на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово. Таквата одлука ќе биде првиот и најважен чекор во одглавување на процесот за репрогласување на нашиот најстар национален парк, во кој повеќе од десет години, како резултат на неодржливото управување се предизвикуваат огромни штети по екосистемите, биодиверзитетот и вредностите на
паркот, наведува Еко-свест.
Ѓорѓи Митревски од Еко-свест смета дека одземањето на концесиите на малите хидроцентрали на територијата на Националниот парк Шар Планина е само прв чекор.
-И во НП Маврово има издадени концесии кои мора да се раскинат што побрзо за да се овозможи одржливо и интегрирано управување со паркот, изјави Митревски.
Ова, додава, може да биде пресвртница во пристапот на заштитата на природата, a пред се
на реките.
-Во нашето законодавство, но и преку ратификуваните меѓународни конвенции, имаме силни механизми кои доколку правилно се применат може да ни помогнат низ целата земја да имаме чисти и здрави реки. Тие може да бидат заштитени од различни причини – поради нивното значење за локалните заедници, значењето за заштита на биодиверзитетот или поради уникатноста на пределот што го создале низ милениумите, вели извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска.
Еко-свест подвлекува дека реките без препреки се еден од најважните елементи за здравјето на екосистемите. Националните паркови и заштитените подрачја се клучни за заштита и зачувување на биолошката разновидност, а имаат и непроценлива улога во одржување и подобрување на квалитетот на водата што ја пиеме, заштита на подземните води и подобрување на квалитетот на воздухот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?