Поврзи се со нас

Гостивар

Да се одземат концесиите и на малите хидроцентрали во Маврово, повикува Еко-свест

Објавено

на

Еко-свест ја поздравува владината одлука за одземање на концесиите на малите хидроцентрали на територијата на Националниот парк Шар Планина, но воедно го повикува  Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе одлука и за одземање на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово.

Според Еко-свест, малите хидроцентрали прават непоправливи штети по реките и екосистемите и не смеат да се градат во заштитените подрачја.

-Владата вчера донесе многу важна и „револуционерна одлука“ за раскинување седум концесии за мали хидроцентрали во нововоспоставениот Национален парк Шар Планина и со ваквиот чекор овозможи да се заштитат важни локации за водниот и крајбрежен биодиверзитет на Шар Планина. Уште еднаш, недвојбено ја поздравуваме одлуката за Шар Планина и го повикуваме Министерството за животна средина да донесе одлука за одземање и на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово. Таквата одлука ќе биде првиот и најважен чекор во одглавување на процесот за репрогласување на нашиот најстар национален парк, во кој повеќе од десет години, како резултат на неодржливото управување се предизвикуваат огромни штети по екосистемите, биодиверзитетот и вредностите на
паркот, наведува Еко-свест.

Ѓорѓи Митревски од Еко-свест смета дека одземањето на концесиите на малите хидроцентрали на територијата на Националниот парк Шар Планина е само прв чекор.

-И во НП Маврово има издадени концесии кои мора да се раскинат што побрзо за да се овозможи одржливо и интегрирано управување со паркот, изјави Митревски.

Ова, додава, може да биде пресвртница во пристапот на заштитата на природата, a пред се
на реките.

-Во нашето законодавство, но и преку ратификуваните меѓународни конвенции, имаме силни механизми кои доколку правилно се применат може да ни помогнат низ целата земја да имаме чисти и здрави реки. Тие може да бидат заштитени од различни причини – поради нивното значење за локалните заедници, значењето за заштита на биодиверзитетот или поради уникатноста на пределот што го создале низ милениумите, вели извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска.

Еко-свест подвлекува дека реките без препреки се еден од најважните елементи за здравјето на екосистемите. Националните паркови и заштитените подрачја се клучни за заштита и зачувување на биолошката разновидност, а имаат и непроценлива улога во одржување и подобрување на квалитетот на водата што ја пиеме, заштита на подземните води и подобрување на квалитетот на воздухот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена