Поврзи се со нас

Вести

Дафина Стојаноска, кандидат за градоначалник на Гостивар од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ

„Одговорно извршување на поставените цели и задачи е моето најсилно оружје“

 

1. Што содржи вашата Изборна програма? Кои се приоритетните проекти со кои ја барате довербата на граѓаните на овие Локални избори?

Изработивме  најобемна и најквалитетна програма до ден денес, понудена за град Гостивар, во која се понудени мега проекти, најкорисни и реално прецизно изводливи решенија за проблемите и потребите на општина Гостивар. Во програмата за локалните избори планирани се крупни инвестици во патната и комуналната инфраструктура, подигање на квалитетот на здраствените услуги преку значајни инвестиции во здраствената инфраструктура и опрема, инвестици  во образованието, заштита на животната средина, инвестирање во културата, вложувања во спортот, како и во спортската инфраструктура и поддршка и директна финансиска помош за голем број спортови.

Нашата програма е базирана за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Тоа подразбира повеќе инвестиции и повеќе работни места, како основа за подобрување на животот на секој граѓанин. За таа цел, ќе се продолжи со мерките и политиките за натамошно подобрување на условите  за водење бизнис во град Гостивар,  со поддршка на домашните  и странските претпријатија, преку обезбедување помали  трошоци за  фирмите, изградба на нови-технолошко индустриски  развојни зони, поддршка за малите средни фирми,  преку обезбедување на полесен пристап до финансиски средства и проекти  за директна финансиска и друга поддршка на домашните и странски фирми кои ќе инвестираат  во нови капацитети на територијата на општина Гостивар. Довербата на граѓаните на овие локални избори ќе ја бараме со нашата визија за Гостивар да биде eвропски модерен град. За таа цел планираме реализација на стотина проекти, од кои најголем приоритет заземаат проектите: Изградба на современ градски плоштад  и шеталиште, изградба на катни гаражи, детска градинка, покриен базен, изградба на гасовод и гасификација на Гостивар, изградба на индустриска зона, центар за селекција и рециклирање на отпад, реновирање на  фасади на стари згради, спортски центар и повеќе наменски игралишта,набавка на нови апарати во Здравствен дом и Општа болница, реконструирање на кровот на основно училиште Гоце Делчев, асфалтирање на улици, изградба на Дом за стари лица, Саем за бизнис, како и многу други проекти предвидени во програмата.

2. Што предвидувате во однос на задржување на младите во нивниот роден крај, ако се знае дека процесот на иселување на младата популација, па и на цели семејства го зафаќа гостиварскиот крај во поголеми размери изминатата деценија?

Нашата програма има посветено внимание на сите граѓани, посебно на младите и нуди концепт на решавање на сите проблеми и нуди решенија за живот во својот роден крај. Ќе вложиме напор да постигнеме зголемување  на економскиот раст  и вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните, но и подобар и поквалитетен живот и одржување на добри меѓуетнички односи, врз принципите на меѓусебна толеранција  и почитување, и подеднаков третман  на сите пред законот.

Со активно применување на политики кои ќе значат поддршка за младите, со цел да се реализираат како граѓани во општина Гостивар, уживајќи во придобивките и благодетите и стекнатите услови за достинствен живот. Ќе создадеме услови  за развивање на спортот, преку изградба на голем број капацитети,  ќе одржиме здрава и чиста околина, современа патна инфракструктура и реализација на проекти кои ги  има во голем број современи европски градови. Со вложување во сите сектори и реализација на повеќето проекти од нашата програма,  ќе создадеме услови младите  да ја градат својата иднина и да ја планираат иднината на своите поколенија тука во својот роден град Гостивар. Длабоко сум уверена дека со реализација на нашата програма ќе ја подобриме, стимулираме и пробудиме свеста на младите генерации, дека тука во Гостивар може да се живее современо и модерно.

3. Депонирањето на комуналниот отпад е најгорливиот проблем на Гостивар. Какво решение нудите?

Општина Гостивар ќе ја поддржи изградбата на регионални центри за управување со отпадот, кои најсоодветно ќе се справуваат со комуналниот, индустрискиот, медицинскиот и отпадот од животинско потекло. За да обезбедиме соодветно и економски ефикасно работење на идните регионални центри за управување со отпадот, ќе обезбедиме законска основа за јавно-приватно партнерство во управувањето со отпадот, искористување на употребливите фракции и изработка на секундарни производи, горива и енергија. Ова подразбира и решавање на проблемот со нерегуларните и дивите депонии, кои се еден од најголемите извори на загадувачки материи. Наш приоритет ќе биде дислокација  и дополнително уредување на локалната депонија Русино и спречување  на користење на истата депонија од соседни општини и таложење на отпад кој допринесува за побрз ефект на загадување на животната средина.

За таа цел  во нашата програма нудиме – изградба  на центар за селекција и рециклирање на отпад, со што ќе се обезбеди  адекватно  разградување на отпадниот материјал и намалување на загадувањето и зачувување на животната средина.  Разгледување за евентуална  можност за дислокација на меѓуградската автобуска станица, исто така ќе направиме проект – Ден без автомобили  во  Гостивар, заштита  од узурпирање и дополнително уредување  на градските паркови, како и исто така важен проект наречен – Секој дом мини парк – дишеме чист воздух. Како градоначалник на  Гостивар максимално ќе се заложам на исполнување на проектите и мерките предвидени во програмата.

4. Што е првото нешто кое ќе го направите доколку седнете во градоначалничката фотелја на 16 октомври?

Одговорно извршување на поставените цели и задачи е моето најсилно оружје -СЕКОГАШ  РАБОТА СЕКОГАШ  ГОСТИВАР –  поради тоа ќе  испратам силна порака дека ќе бидам градоначалничка на сите граѓани  на  Гостивар. Живејќи во мултиетничка  и мултирелигиозна средина, поле на различни култури и влијанија, верувам во поимот наречен СОЖИВОТ, во духот на почитување на различностите,  нема да дозволам  поделби  и дискриминација на расна, верска и јазична основа.

Сакам Гостивар да биде град  во кој ќе се креираат можности  за просперитет, во духот на меѓуетничкиот соживот, меѓусебна почит и толеранција.  Како идна градоначалничка  на  град Гостивар  се обврзувам дека ќе работам чесно, искрено и одговорно, со апсорбирање на сите професионални, стручни капацитети, без разлика на нивната партиска или друга определба. Не очекува тешка задача и одговорност. Но, убедена сум дека со целосна транспарентност, отвореност  во водењето на  Општината, посебно  со локалната јавна администрација, влегуваме во нова битка за да оствариме позитивен резултат.

5. Која е Дафина Стојаноска приватно?

Покрај многубројните успеси и унапредувања на себеси, финансиската стабилност и индивидуалниот интегритет, вечната потрага по совршенство, кариера, врвни подеми, на крајот од денот сè се сведува на првата и последна, една и единствена вредност која човек може да ја постигне  како човек: да има љубов , да има блискост,  да има топлина. Да има  семејството. Семејството е она што ме прави среќна. Уживам во улогата на сопруга и мајка на две прекрасни деца. Ме исполнува  топлиот дом исполнет со хармонија. Во 1999 година, после 10 – годишна врска, се омажив за љубовта на мојот живот – Љупчо Стојаноски. Во 1999 ја родив мојата ќерка Пелагија. Таа е мојата прва радост. Во ноември ќе наполни 18 години и ужива да чита книги, да гледа филмови и да се дружи. Во 2004 го родив мојот син Тома. Денес има 13 години и е полн со смисол за хумор, талент за кошарка и глума. Ме исполнува помислата  да бидам со тие што ги сакам, во добро и во зло, да растеме заедно, да плачеме, да се смееме… Да ги поминуваме заедно најубавите моменти. Да си веруваме еден на друг, но пред се да веруваме во нашата љубов.

Вложувајќи ја мојата целосна племенитост, несебична, во времето кое го посветувам на моето семејство, поаѓам од мислата дека пишаниот збор е вечен. Уживам  во секој изминат ден, дружејќи се со книгите, романите, чувствувам задоволство, душевна  исполнетост  и мир, поради љубовта која ја негувам кон убавиот пишан збор. Во слободно време пешачам, а во зима посветувам внимание на зимските спортови. Решавам судоку и крстозбори. Чувствувам способност да бидам реална, автентичена и искрена, и цврсто верувам дека  тоа е уникатност  во свет, каде премногу се става акцент на површноста.

Сподели:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!