Гостивар
Дали и кога средношколците во Гостивар ќе почнат да одат во училиште на настава?

Во среда завршува првичниот период од две недели одредени за онлајн настава за средните училишта во Гостивар, според одлука на Владата. Средношколците ја започнаа учебната година онлајн, поради лошата епидемиолошка слика со ковид која владееше тогаш на подрачјето. Дали средношколците ќе тргнат во училиште, и кога се‘ уште не се знае. Се чека препораката на Комисијата за заразни болести и конечната владина одлука. Од општинскиот сектор за образование сметаат дека и средните училишта треба да почнат со настава со физичко присуство.
„Откако поминаа две недели мислам дека сега веќе состојбата со ковид е постабилна и сметаме дека треба и средношколците да посетуваат настава со физичко присуство. Училиштата се подготвени да ги спроведуваат предвидените протоколи. До сега, немаме добиено некое решение или одлука, дали учениците треба да се вратат во училиште во среда или можеби тоа би почнало во понеделник. Чекаме да не‘ известат од Комисијата за заразни болести“, вели раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче.
Во Гостивар има четири јавни средни училишта: гимназија, техничко, економско и медицинско училиште. Освен гостиварските, учебната година со онлајн настава ја започнаа и тетовските средни школи.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер