Магазин
Дали интернетот ги убива печатените книги?
Сведоци сме на дигитализација во секој аспект од човековото живеење. Процесот не ги одмина ни книгите и читањето. Полека, но сигурно вртењето на страници се заменува со кликање и screen roll, а полиците на домашните библиотеки со електронски читачи. Дебатата за тоа што е подобро, попрактично и покорисно, меѓу љубителите на класичното читање и поборниците на дигитализацијата се уште трае. И секој има свои аргументи со кои си го брани ставот. Мирис и допир на печатена книга или предностите на дигиталниот свет, сепак секој одлучува сам за себе. За некои печатената книга има посебна и незаменлива вредност, им буди спомени и магијата на пишаниот збор единствено може да ја почувствуваат на тој начин. За други, далеку попривлечни се можностите што ги нуди електронската форма, поголем избор, достапност и слично.
Знаете ли од кога потекнуваат дигиталните книги? Електронска форма на книга прв пат се споменува во 1971 година, кога еден студент на американскиот универзитет Илиноис започнал со дистрибуција на книги во дигитална форма. Проектот подоцна бил наречен Проект Гутенберг, според револуционерот во технологијата за печатење, Јохан Гутенберг.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград