fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Дали Оксфордската „COVID-19“ вакцина e најдобар избор ?

Објавено

на

Денес излезе извештајот на Оксвордскиот тим кој заедно со компанијата „AstraZeneca“ работи на тестирање на нивната верзија на вакцина против „COVID-19“

Според извештајот по извршени тестови на преку 23.000 луѓе се покажало дека можно е вакцината да постигне резултат од околу 90% заштита на луѓето.

Вакцинацијата многу слично како и кај другите вакцини се планира да се врши во две одвоени дози ( 1 месец )

Многу интересен е фактот што резултатот 90% успешност е добиен само кај луѓето кои при првото вакцинирање добиле само половина доза од вакцината (~2.5 x1010 вирусни честички) додека кај луѓето кај кои е аплицирана целата доза (~5 x1010 вирусни честички) успешноста била само 62%.

Овој факт покажува дека реално научниците сеуште недоволно го познаваат човековиот имунолошки систем и дека термините како цела или пола доза барем во оваа фаза не треба да се употребуваат зошто само ќе предизвикаат дополнителна забуна и отпор.

Сепак одлична вест е фактот што кај ниту еден од луѓето што и покрај примањето вакцина сепак развиле „COVID-19“ не се појавила некоја тешка форма на болеста и истите ја прележале истата без хоспитализации и други тешки симптоми. Ваков бил случајот со 131 човек од 23-те илјади

„Оксвордската“ вакцина е мој фаворит ако нешто такво може да се каже за нешто кое е направено под притисок и со забрзани тестови и протоколи , сепак постојат неколку работи кој сметам дека треба да се истакнат.

1) Оваа вакцина за разлика од предходните две што ги презентираа америчките компании „Pfizer“ и „Moderna“ е базирана на добропозната технологија за производство на вакцини, технологија која е базирана на модификувани вируси кои ( во случајов ослабена верзија на аденовирус кој предизвикува настинка кај шимпанзата ) неможат да се размножуваат во човековите клетки туку само ја активираат клетката да произведе протеини на нејзината површина што имунитетот ќе ги препознае како корона вирус ( тие вистински не се тоа ) и ќе произведе соодветна одбрана за да во случај кога ќе се сретнеме со вистинскиот вирус нашиот организам ќе биде спремен.

Овој ист процес па дури и истиот аденовирус е искористен и предходно при изработка на вакцината за Ебола ( тешка вирусна болест предизвикана од ебола вирус со висок степен на смртност 50-90% )

2 ) Бидејќи вакцината користи познат вирус и предходно испитана технологија, за разлика од недоволно истражената технологија на употреба на информациона рибонуклеинска киселина иРНК (анг. mRNA ) би можела да биде поприфатена од луѓето кои ионака се доволно скептици за целата оваа работа.

3 ) Можностите за складирање и употреба во добропознатиот опсег од 2-8 степени целзиусови значи дека истата може да се употребува и во посиромашните земји кои единствено треба да поседуваат обичен фрижидер.

За споредба вакцината на „Pfizer“ има потреба од неверојатни -70 степени целзиусови, додека онаа на „Moderna“ иако стабилна извесно време и на температури од 2-8 степени целзиусови сепак за долгорочно складирање треба да се замрнува.

4) Од „AstraZeneca“ тврдат дека до крајот на 2021 можат да произведат преку 3 милијарди вакцини

Во соработка со Е наука

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

Advertisement

АНКЕТА:

ДАЛИ БИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ПРОТИВ COVID-19?

Гостиварпред 4 недели

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Гостиварпред 2 недели

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Гостиварпред 4 недели

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Гостиварпред 3 недели

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

Гостиварпред 2 недели

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Гостиварпред 1 недела

Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…

Гостиварпред 2 недели

Водата од градскиот водовод во Гостивар забранета за пиење поради заматеност

Спортпред 2 недели

Џоџо Вокер нов плејмејкер на гостиварци

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!