Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Дали сапунот пренесува бактерии и дали течниот е подобар?

Објавено

на

“Најстрогата” студија која воопшто се занимавала со ова прашање е објавена во дамнешната 1965 година Во неа, научниците спровеле низа од експерменти во кои намерно ги заразиле своите раце со 5 милиони бактерии. И сите тие сериозни бактерии како што е ешерихија коли.

Потоа, научниците ги миеле рацете со сапун, а натаму истиот тој сапун во тврда состојба го користел друг човек за миење раце. Откриле дека на таков начин бактериите не биле пренесени на другиот корисник и дека не постои никаква опасност, пишува The New York Times.

“Нивото на бактерии што може да се појават на сапунот, дури и во екстремни услови на употреба, не претставува опасност по здравјето”, истакнуваат научниците.

Овие податоци ги потврдува и истражувањето од 1988 година кое го нарачале самите производители на сапун. Имено, производителите заразиле парчиња од сапун со патогени бактерии, во тој случај со ешерихија коли, а 16 корисници ги измиле своите раце со таквиот сапун. Кај никој од испитаниците не се детектирани траги од бактерии по нивните раце. Заклучокот гласи дека постои само мал ризик во рутинското миење на рацете со претходно користен сапун.

Студиите кои се спроведувани после оваа пронашле присуство на бактерии на сапуните, но ниту во еден случај не е докажано дека сапунот е носител на инфекции. Напротив, неодамнешните студии и натаму тврдат дека сапуните ја победуваат инфекцијата, дури и во тек на епидемија како оние со ебола вирусот.

Се поставува дали сепак течниот сапун е подобар од обичниот?

Уште од осумдесеттите години од минатиот век научниците се занимаваат со различни противречности околу ова прашање. Но клучното прашање и натаму е дали можното присуство на бактерии претставува опасост од инфекции.

Центрите за контрола и превенција на болести сметаат дека миењето на рацете е првата и најважна линија за превенција од инфекции, а сапуните подеднакво се ефективни и течниот и оној во цврста состојба.

Во соработка со Enauka.mk

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена