Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Дали сте слушнале за фибромијалгија?

Објавено

на

Фибромијалгијата е состојба на мускулите којашто не може да се дијагностицира преку рендгенски снимки, ниту пак преку лабораториски тестови. Имено, докторите вообичаено ја дијагностицираат врз основа на симптомите коишто ги чувствуваат пациентите, како болки и вкочанестост во мускулите. Иако фибромијалгијата не ги оштетува зглобовите ниту органите, постојаните болки и замор навистина можат да влијаат врз секојдневниот живот кај оние што страдаат од неа.

Кај кого може да се развие фибромијалгијата?

Жените помеѓу 25 и 60 години имаат големи шанси за развој на фибромијалгија. Докторите не се сигурни зошто, но кај жените шансите за заболување од оваа состојба се 10 пати поголеми отколку кај мажите. Некои истражувачи сметаат дека генетиката може да игра улога, но сè уште со сигурност не се знае кои специфични гени би можеле да бидат поврзани со оваа состојба.

Симптоми за фибромијалгија:

Замор

Заморот е најчест симптом за фибромијалгија. Ова не е вообичаен замор кој следи по долг и напорен ден, туку чувство на исцрпеност. Луѓето со фибромијалгија може да се чувствуваат уморни уште рано наутро, дури и по добар и квалитетен сон. Чувството на замор во некои денови може да биде полошо од други и може да го попречи нормалниот начин на работа и извршување на дневните активности, како и вежбањето.

Лошо спиење

Многу луѓе со фибромијалгија имаат проблеми да заспијат или се будат често во текот на ноќта. Истражувањата покажуваат дека некои од нив остануваат во фазата на лесно спиење и никогаш не успеваат да достигнат длабок сон. Ова значи дека телото нема шанса да се регенерира, а тоа може да доведе до еден постојан циклус на лош сон што може да ја направи болката полоша, а болката потоа да го спречи добриот сон.

Причини за развој на фибромијалгија

Иако засега има многу теории, истражувањата допрва треба да ги откријат причините за појава на оваа состојба на мускулите. Некои доктори веруваат дека хормоналните или хемиските нерамнотежи го нарушуваат начинот на кој нервите сигнализираат болка. Други, пак, сугерираат дека трауматски настан или хроничен стрес може да ги зголемат шансите за развој на состојбата. Повеќето експерти се согласуваат дека фибромијалгија веројатно е резултат на комбинација од повеќе фактори.

Фактори што може да ги влошат симптомите

Помеѓу факторите што може да ја влошат состојбата или симптомите на фибромијалгијата се:

  • Студено или влажно време;
  • Преголема или премала физичка активност;
  • Стрес;
  • Слабо спиење.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена