Поврзи се со нас

Вести

Дали вашето дете има проблем со спиењето ?

Објавено

на

Квалитетот на спиењето е од исклучително значење за децата, особено во критичните периоди на развој. Може да влијае на здравјето на мозокот и игра клучна улога во развојот на јазикот. Лошиот квалитет на спиењето може да резултира cо намалување на коефициентот на интелигенција, намален успех во училиштето и  севкупниот квалитет на живот “, вели авторот на истражувањето, Скот Косенс.

Истражувачите се обидуваат да пронајдат индекс на нарушување на сонот на детето уште од 1990 година, но тој тешко се мери, бидејќи  спиењето кај децата е многу различно од возрасните.

Кај возрасните, многу од знаците на нарушување на сонот се очигледни, што ги прави полесни за истражување, но децата често имаат овој режим на “заштитено спиење “, се чини дека тие се во длабок сон, но не може да се види што се случува со основните процеси.

Извесно време, докторите мислеа дека проблемите во однесувањето кои се јавуват кај децата кои имаат проблеми за време на спиењето, како апнеја при спиење (запирање на дишењето за краток период за време на спиењето), се поврзани со намалувањето на нивото на кислород во крвта.

Меѓутоа, постојат голем број на деца со овие симптоми, кај кои нивото на кислород во крвта е нормално. Овој наод ја потврдил  потребата  да се пронајде што друго ги предизвикува проблемите.

Во истражувањето се вклучени  92 деца од основно училиште и мерени се повеќе од 30 различни параметри на сонот, како што се движењата на мускулите, дишењето, активностa на окото и промените во обработката на мозокот.

Некои од резултатите, се објавени во списанието „Sleep“.

Начинот на кој движењата биле дистрибуирани кај заспаните деца, со и без проблеми со спиењето, претставува индикатор на потенцијално многу поголем проблем.

Од ова истражување,  развиена е нова мерка заснована на движењата која што може да помогне точно да се групираат децата со и без проблеми во спиењето, што е од суштинско значење за понатамошен третман.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена