Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 03/02/2018

Дали знаете што всушност значи „калејнца“?

Веруваме дека на многумина гостиварци веднаш им се отвора апетит кога ќе се спомне овој збор. Знаете ли што всушност значи „калејнца“, зборот кој во гостиварскиот регион најчесто се користи за јадењето „тава со ориз и пилешко“?

„Калејнца“ доаѓа од „каленица“ како што порано се нарекувале земјените садови во вид на чинија. Во минатото најчесто ручекот се подготвувал токму во такви садови, па од таму во гостиварско останал називот „калејнца“ за јадења кои домаќинката ги готви во тава. Освен за тава со ориз и пилешко, изразот се користи и за турлитава, тавчегравче, црвен ориз со месо и друго.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*