Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар го објави поширокиот список на ракометари за СП во Франција во јануари 2017 година. Огромно изненадување претставува фактот што Борко Ристовски и Ацо Јоновски воопшто не се ниту на поширокиот список, но затоа Червар ќе се обиде да го убеди Миркуловски кој би бил од огромна помош во Франција.
„Работиме на еден копцепт на развој на машкиот ракомет. СП 2017 е нов пат за нас, мораме да имаме визија за нашата цел. Само со промена се доаѓа до успех. Борко направи убава кариера, бранеше во Левен, сега е во Барселона и има постигнато многу со македонската репрезентација. Мислам дека тој е меѓу оние кои се емотционално истрошени и тоа беше моја одлука“, истакна Червар.
Како замена за Ристовски, на списокот има четворица голмани и тоа Кирил Колев од Пелистер, Никола Митревски од Бенфика, Благојче Трајковски од Охрид и Даниел Ѓорѓески од Вардар јуниор. Дефинитивно ова е големо изненадување бидејќи по многу години на голот ќе го нема Ристовски.
ГОЛМАНИ
Никола Митревски Бенфика (Португалија) Кирил Колев Пелистер Благојче Трајковски Охрид 2013 Даниел Ѓорѓески Вардар јуниор
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK