Поврзи се со нас

Македонија

Данок на солидарност-Се очекува да се соберат 80 милиони евра

Објавено

на

Околу 200 компании кои оствариле над 10 милиони евра профит ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, а сумата што се предвидува да се добие од овој придонес е 80 милиони евра, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Законското решение е веќе во собраниска процедура, а Ковачевски очекува да биде поддржано од пратениците. Тој воедно не смета, како што изјави, дека ќе има какво било затајување на овој солидарен данок зашто се работи за респектабилни компании, етаблирани на домашниот пазар.

Премиерот не прецизира кои фирми конкретно ќе треба да плаќаат данок на солидарност, само нагласи дека данокот ќе се однесува на сите што се опфатени со законот.

-Законското решение се однесува на екстра профитот. Добивката од последната година се споредува со просекот од изминатите гоини и оној дел што е  повисок за 20 проценти се оданочува со стапка од 30 отсто. Сите компании опфатени во делот на законските одредби нормално дека во своите даночни биланси на крајот на пресметковниот период треба да го прикажат и овој данок. Не би елаборирал компании поединечно, по индустрии, зашто законот е многу јасен, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Виталиа“.

Тој уште еднаш потсети дека ваков закон има и во некои земји од регионот, како и во држави членки на ЕУ.

-Драго ми е што законот е усвоен на Владата и веќе е испратен во Собранието. Данокот за солидарен придонес не е карактеристика само за нашата држава, туку и за многу други земји, членки на ЕУ и земји од регионот. Законот е донесен низ инклузивен дијалог со стопанските комори и со компании кои оствариле високи профити изминатите години. Уште на почетокот на кризата кажавме дека ова не е време на изобислтво, туку на солидарност, кога секој ќе треба да придонесе за општеството, потенцира Ковачевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена