Поврзи се со нас

Гостивар

„Дарувај Крв“ – мобилна апликација за крводарители на гостиварецот Александар Богданоски

Објавено

на

Дарувај Крв“ е нова мобилна апликација наменета за сите оние што даруваат или сакаат да даруваат крв. Зад неа стојат гостиварецот Александар Богданоски, активистот и програмер Горјан Јовановски, заедно со Стефан Велковски, како и здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството „Крводарител“ – Скопје.

Преку апликацијата, секоја недела ќе се објавуваат крводарителни акции што се организираат низ Македонија од разни здруженија, со цел дарителите да бидат навремено известени каде и кога може да се дарува крв и помогнат да се спаси нечиј живот.

Во моментов достапна e само за Андроид уредите, но наскоро ќе биде достапна и за iOS. Андроид апликацијата може да ја преземете на веб страницата на daruvajkrv.mk, од Google Play или од ТУКА.

Она што е во најава како новитет во новата верзија, која треба да биде надградена наскоро се инстант нотификациите кои ќе го известуваат секој корисник на оваа апликација, кога во неговиот град ќе има акција за дарување или побарување на одредена крвна група. 

„Она што недостасуваше кај нас е токму ваква апликација, преку која корисниците на едноставен начин ќе бидат известени за сите крводарителски акции и настани како од здруженија така и од институциите. Очекуваме соработка од сите кои може да придонесат за општото добро. Во моментов работиме и на изнаоѓање решение како да се поедностави начинот за граѓаните кои имаат можност да даруваат ковалесцентна плазма, да се информираат преку апликацијата за чекорите на дарување, и со тоа да помогнат на оние на кои навистина им е потребна во борбата против кови-19.“ – вели Александар, дел од тимот.

Да спасиме живот, да донираме крв! Преземи ја апликацијата „Дарувај Крв“ уште денес!

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 27 секунди

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 22 минути

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Спортпред 2 часа

Интернационале Милано по 20 пат шампион на Италија

Македонијапред 2 часа

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 17 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 19 часа

Верни на традицијата-ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт во четврток

Гостиварпред 20 часа

Ученици од Гостивар создаваа ликовни дела според прочитани книги

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена