Спорт
Дашмир Беари трет тренер во ФК Гостивар сезонава

Дашмир Беари е именува за нов шеф на стручниот штаб на гостиварскиот второлигаш ФК Гостивар.
Беари е искусен стратег, беше тренер во Ренова, Дрита од Боговиње, Велазерими 77, како и селектор во младинските категории, има и меѓународно искуство со екипата на Ал Раед од Саудиска Арабија. Ќе го води ФК Гостивар сезонава, со можност за продолжување на договорот за уште една година.
Дашмир Беари седнува на клупата на гостиварци, по оставката на Афет Ибраими, кој пак го зазеде кормилото по оставката на Бирол Тобчиу, кој се повлече од функцијата по 4 одиграни кола сезонава.
ФК Гостивар, после изненадувачкиот пораз од Охрид во последното коло ја загуби лидерската позиција на табелата која води директен пласман во Првата лига. Се наоѓа на 2. позиција со бод помалку од лидерот ФК Скопје.
Беари на клупата на гостиварци ќе дебитира викендов против екипата на Лабуништа/Тетекс.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче