Гостивар
DAVA Гостивар ќе ја реновира куќата и ќе ги покрие потребите на загрозеното семејство

Хуманитарната организација DAVA излегува во пресрет на семејството Трпески од Гостивар, чија приказна за тешкиот живот и немаштијата беше објавена и споделувана. Од организацијата утрово го посетија семејството и поразговараа со нив за потребите од реновирање на домот, лекови, храна, облека, сметки и останато.
„Целосно ќе се погрижиме за се‘ што му е потребно на семејството. Ќе ја реновираме куќата, ќе обезбедуваме редовно лекови и храна, за девојчето се‘ што треба за на училиште, облека и друго. Исто така, ќе ги подмириме сметките за струја за период од една година.“, рече претседателот на организацијата DAVA, Муса Хусеин.
Тричленовото семејство на мајката Весна, малата Лена и бабата живеат од мала социјална помош, која не им стасува за основните потреби. Девојчето по смртта на својот татко од стрес добива здравствени проблеми и прима терапија.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо