Поврзи се со нас

Македонија

Дебата со новинарите од Полог: Потребен е Независен национален фонд за медиуми

Објавено

на

Новинарите кои се сопственици или вработени во онлајн медиумите од Полошкиот регион имаа можност да се запознаат со Презентација на наоди од истражување за перцепција од корупција во онлајн медиумите. Истражувањето беше направена преку интервјуа со 28 испитаници, селектирани по случаен избор, а го спроведе консултантската куќа ДеСо на барање на Советот за етика во медиумите,во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Истражувањето зборува дека постои висок степен на корупција во онлајн медиумите. Нискиот економски стандард и борбата за опстанок на медиумите се наведуваат како едни од главните причини присуство на корупција во онлајн медиумите.

Во услови на сиромаштија, медиумот е принуден да преживува и поради тоа може да биде поподложен на корупција. Кај новинарите, како причина за пoјава на корупција се ниските примања, но и лошите работни услови; додека кај сопствениците и уредниците е општо недостигот на редовни финасии за медиумот, но и тенденција за поврзување со центрите на моќ.

Учесниците во анкетата исто така ги посочуваат политичките партии како една од главните причини за корупција во онлајн медиумите, а исто така беше наведено дека и општата нефункционалност на системот спаѓа меѓу главните причини поради кои се јавува корупција во онлајн медиуми.

Една од алатките во борба против корупција во онлајн медиумите е и воспоставениот Регистар на професионални онлајн медиуми, но тука не се влезени сите онлајн медиуми.

„Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) донесе став Комисијата за жалби да постапуваи по однос на жалби кои не се однесуваат на медиуми-членки на Регистарот на професионални медиуми. За тие кои се членки на Регистарот ќе се носи одлука, додека за останатите ќе се дава мислење. Целта е да се зајакне саморегулацијата и да се одговори на жалбите на граѓаните“, истакна Лилјана Пецова-Илиеска, извршна директорка на СЕММ.

„Корупцијата во медиумите е светски проблем, за кој треба гласно да се зборува. Таа во медиумите е сеприсутна. Мора да се работи на изнаоѓање на начини за нејзино намалување и искоренување. Саморегулацијата сепак сметам дека е најдобриотначин, ниту една друга земја нема изнајдено друг модел“, ќе истакне Горан Лефков, модератор на дебатата.

Како еден од поодржливите предлози за борба со корупцијата во онлајн медиумите изнесен од страна учесниците на оваа дебата е формирање на т.н. Независен национален фонд за медиуми, кон кој пристап би имале сите медиуми на транспарентен и правичен начин. При постоењето на таков фонд, медиумите би можеле да понудат предлози и да добијат средства за да создадат квалитетна содржина.

Во С. Македонија, постојат околу 150 – 200 домашни дигитални медиуми. Речиси 80% од публиката во државата се информира од интернет.

Дебатата беше организиранa во рамките на проектот ,,Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“, што го спроведува СЕММ, а го финансира ЕУ и со поддршка преку USAID.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена