Гостивар
Дебата во Гостивар: Комунална полиција и отповикување на градоначалници на референдум

Поголеми ингеренции на комуналниот надзор во општините, комунална полиција и можност да се отповикуваат градоначалниците со референдум. Ова се дел од новините предвидени со измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа за кои денес се дебатираше во Гостивар. Во настанот учествуваа министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани, претставници на други полошки општини, невладин сектор и експерти.
„Целта е да ја зголемиме транспарентноста и отчетноста на градоначалниците, да овозможиме поголема инклузивност во креирањето политики и одлуки заедно со граѓаните, да ја препознаеме комуналната полиција или комуналниот надзор и поголема отвореност во насока на креирање на политиките од страна на градоначалниците, поголема отвореност кон граѓаните. Приоритет во отворање на овој закон е можноста за отповикување на градоначалниците на референдум. Тоа е многу важно, затоа што во моментов сме сведоци, за среќа на мал број градоначалници, кои девијантно се однесуваат и ја злоупотребуваат дадената доверба од страна на граѓаните.“, изјави министерот Перински.
Првиот човек на Гостивар Лимани смета дека отповикувањето на градоначалници на референдум е добра идеја во случаи на злоупотреби на функцијата.
„Во момент кога некој градоначалник излегува надвор од рамките на своите надлежности и ја злоупотребува довербата на народот, а поголем број на граѓани се согласни дека тој градоначалник навистина ја злоупотребува функцијата зошто да не биде отповикан. Потоа, на избори граѓаните ќе имаат можност да му дадат шанса на друг градоначалник“, рече Лимани.
Во однос на можноста да се формира комунална полиција, беше истакнато дека оваа мерка ќе придонесе за поголема хигиена во општините и јакнење на свесноста кон јавното добро, односно да не се уништува урбаната опрема.
Настанот се организираше од страна на Министерството за локална самоуправа, со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и ЕЛС.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос