Поврзи се со нас

Гостивар

Дебата во Гостивар: Корупција има, но граѓаните не пријавуваат оти сметаат дека никој нема да мрдне со прст

Објавено

на

Корупцијата е зголемена во споредба со периодот пред 10 години, а граѓаните не ги пријавуваат случаите затоа што немаат довербата во институциите и се плашат од одмазда. Вакви наводи покажало истражувањето на тема корупција спроведено во пет општини во земјава: Гостивар, Битола, Кавадарци, Куманово и Штип. Судството, здравството и полицијата биле наведени како области со најмногу корупција. Со истражувањето биле опфатени околу 600 испитаници од различни возрасти и националности.

Резултатите денес беа презентирани на јавна дебата во Гостивар.

„Постои перцепција за зголемен интензитет на корупцијата и тоа во последните 10 години. Најголем дел од граѓаните не сметаат дека треба да пријавуваат корупција, најмногу поради тоа што довербата кон институциите на системот е многу ниска. Граѓаните не веруваат дека институциите ќе постапуваат по тоа што е нивен мандат, а втора причина е што се плашат од одмазда“, изјави Марија Димитровска, експерт.

На скала од 1 до 7, испитаниците од Гостивар со вкупна оцена од 5,26 посочиле дека желбата за брзо богатење на луѓето кои се на власт најмногу придонесува за корупцијата. Според распростанетоста на корупцијата по области, граѓаните од Гостивар сметаат дека судството е најкорумпирано, а според нив медиумите се тие кои се прворангирани како фактори кои може најмногу да придонесат во борбата против корупцијата.

Извештајот го подготви Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар, од каде нагласуваат дека корупцијата до сега како проблем не доволно се анализирала на локално ниво, што било и причина да го спроведат истражувањето.

„АДИ овојпат се определи да истражува корупција на локално ниво. Имаме анализи за перцепција на корупцијата на централно ниво, а на локално ниво малку се истражувало. Сакаме да поттикнеме дебата на оваа тема, но и да им укажаме на релевантните институции која е состојбата со корупцијата на локално ниво“, рече  Лулзим Хазири, извршен директор на АДИ.

На дебатата учествуваше и градоначалникот Арбен Таравари, кој потенцира дека за да се надмине проблемот со корупцијата во земјава, треба пред се‘ да се деполитизираат и професионализираат институциите.

Податоците од истражувањето покажуваат дека граѓаните имаат најредовни контакти со институции во областа на здравството и полицијата, па според ова најголемиот дел од испитаниците рекле дека мито им било побарано од институција во областа на здравството,  следна е полицијата, па потоа судството. Митото во здравството најчесто е барано во врска со операција, во неколку случаи и лечење, а митото од полиција е во врска со казна или сообраќајка.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 2 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 3 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 4 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 5 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 18 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена