Гостивар
Дебата во Гостивар: Потребна е планска акција за да се надмине поделеноста во општеството!

Во Гостивар се одржа јавна дебата за Нацрт текстот на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.
Оваа стратегија е од големо значење, за да се надмине поделеноста во општеството и да се подобри меѓусебната кохезија, истакна Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка.
„Ги консултираме и локалните заеднции преку граѓанските заедници да го чуеме и нивното мислење. Нацрт текстот на Стратегијата е готов, меѓутоа граѓаните до 20 јуни може да даваат свои предлози и ние ќе направиме нова и подобрена веризја на стратегијата. Очекуваме во септември да биде донесена од Владата и Собранието. Стратегијата ни е многу важна бидејќи и ние во нашата држава знаеме, а и сите извештаи на меѓународните фактори велат дека сме многу поделено општетсво, нерамноправност постои по многу основи и потребна ни е планска акција во таа насока. Идејата на оваа стратегија е да ги идентификуваме тие проблеми и преку дејствувањето и мерки во различни области да направиме Македонија да биде општество каде сите нејзините граѓани ќе имаат еднакви можности и ќе бидат подобро вклучени во распределбата на ресурсите.“, рече Алаѓозовски.
Директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Нилхан Рахман рече дека помалите заедници се значаен сегмент на општеството, а сите нив ги врзуваат исти проблеми. „Тука влегуваат економските проблеми, вработувањето образованието на мајчин јазик, зачувувањето на културата и други. Агенцијата како посебен орган при Владата на РСМ ги следи состојбите во областа на правичната застапеност, образованието, употребата на јазиците и симболите, како и медиумите на помалубројните заедници“, рече Рахман.
Пред присутните на настанот во Гостивар свое обраќање имаше и заменик министерката за финансии Ширет Елези.
На дебата беше речено дека е потребно зајакнување на комуникацијата и соработката помеѓу различните култури и заедници во насока на создавање фер и правично општество.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите