Поврзи се со нас

Гостивар

Дебата во Гостивар: СТОП за Русино и СТОП за проектот – најавени референдум и блокада

Објавено

на

Од понеделник, на Русино да се носи само отпад од Гостивар. Во однос на дислокација, ќе се разгледува можноста гласот на граѓаните да се слушне преку референдум. Ова го најави гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари на двочасовната дебата за Русино, што вчеравечер ја организираше општината.

Граѓанската иницијатива пак „Стоп Русино“ најави дека од недела започнува со повеќедневно блокирање на патот што води до „депонијата“.

„Мило ми е што граѓаните доаѓаат и дебатираат, мислам дека имавме конструктивна дебата и расчистивме одредени дилеми. Дојдовме до заклучок дека Русино во моментов треба да функционира само за Општина Гостивар. Јас уште вчера се јавив кај градоначалниците на Врапчиште и Маврово Ростуше и ги известив дека од понеделник за нивните комунални претпријатија е забрането да транспортираат ѓубре на Русино. На локацијата има обезбедување, во следните две недели ќе се постават и камери. За да дојдеме до една заедничка одлука со граѓаните, како општина може да спроведеме и референдум – дали депонијата Русино треба да постои. Ако граѓаните донесат одлука дека не треба да постои, јас тоа ќе го поддржам.“, изјави градоначалникот.

Граѓаните и еко активистите кои учествуваа на дебатата го повторија ставот дека Русино не ги исполнува условите да биде депонија и дека мора да се затвори за да се заштити здравјето на гостиварци. Нагласија дека во Физибилити студијата за проектот за уредување во регионална полошка депонија, е наведено оти Русино не е погодна локација за таа намена. Во излагањата отворија многу прашања: Зошто се одбира место од кадешто треба да доаѓа чист воздух во Гостивар и кое не може да се контролира? Каде ќе завршува исцедокот од отпадот и што ќе се случи, кои ќе бидат последиците по една деценија? Зошто полицијата и обвинителството не се ангажираат да откријат кој го пали ѓубрето? Дали е поважно здравјето на граѓаните или профитот?…итн.

Раководителката на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина, Ана Мазнева Каранфиловска го бранеше ставот за претворање на Русино во депонија според стандарди, како најдобро решение за управувањето со отпадот на подрачјето. „Точно, Русино во моментов не е депонија. Да, Стоп за Русино, но не и за проектот за уредување со кој ќе се создаде организиран систем на управување со отпадот. Не можеме ѓубрето да го носиме на Марс“, рече Мазнева Каранфиловска.

„Да, СТОП и за проектот“ – реплицираа децидно гостиварци.

„Нашиот став и ставот на гостиварци е затворање на тоа ѓубриште Русино и да се најде нова соодветна локација за изградба на депонија по ЕУ стандарди. Што се однесува до моменталната состојба, бараме од Комуналец да ја запази процедурата, редовно да го распоредува ѓубрето и да го затрупува со земја, за да се спречи горењето. Ако ѓубрето е правилно истапкано и распоредено, нема да има горење. Планираме од недела да го блокираме патот кон Русино и да не пропуштаме камиони. За тоа дали ќе дозволиме да се носи отпадот само од Гостивар, ќе излеземе со став откако ќе дискутираме со членовите дополнително“, изјави по вчерашната дебата Анастасија Дукоска, од Граѓанската иницијатива.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 1 час

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 2 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 4 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 5 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 7 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 8 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена