Поврзи се со нас

Гостивар

Дебата во Гостивар: Воведување целодневна и едносменска настава, пренасочување на децата од рурални во централни училишта…

Објавено

на

Што треба да се преземе за спроведување на процесот на оптимизација на училишната мрежа? Зошто е значајно децата кои учат во комбинирани паралелки во рурални средини да се префрлат во централните училишта? Кои услови треба да се обезбедат за воведување на едносменска и целодневна настава? Ова беа прашањата опфатени на денешната дебата во Гостивар, на која присуствуваше министерката за образование и наука Весна Јаневска, градоначалникот Ваљбон Лимани, раководства на други општини од западниот дел на земјава, претставници на Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ.

„Децата кои учат во училишта во руралните средини, по 5, 15, 17, 18 кои генерално учат во комбинирани паралелки, треба да ги придвижиме кон централните училишта или најблиското училиште и да ги споиме. На тој начин најмногу добиваат децата, се социјализираат, не учат во комбинирани паралелки, имаат натпревар меѓу себе, имаат мотив повеќе да учат. Покрај што корист имаат децата, корист има и државата. Нема да трошиме средства на одржување на многу училишта и тие средства ќе се пренасочат кон учењето на децата. Откако ќе ја направиме оптимизацијата на мрежата ќе продолжиме со проектот едносменска и целодневна настава. Децата од прво до петто одделение ќе работат со две учителки и во училиште ќе ги завршат сите свои обврски, кога ќе одат дома ќе бида слободни. Од 6 до 9 одделение и во средно ќе одат на училиште само наутро, што е многу природно, тогаш се најефикасни, и учениците и наставниците.“, изјави министерката додавајќи дека процесот бара време, анализи и не може брзо да се спроведе, но е неопходен за поквалитетно образование.

Процесот на оптимизација на училишната мрежа МОН го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ.

„Денес во Гостивар разговараме со претставници на 23 општини, директори на училишта, родители и други чинители за оптимизација на мрежата на основни училишта, да разгледаме што е можно на поефикасен начин да се искористи таа инфраструктура што постои во земјава. Десет општини веќе го почнаа тој процес лани и резултатите веќе се гледаат“, изјави претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер.

Градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани ја издвои целодневната настава како приоритет за гостиварските училишта.

„Еден од елементите кој за нас е битен е целодневната настава која родителите ја бараат во сите училишта. Секако важни се и други реформи кои би требало да се одвиваат во натамошниот период со цел поквалитетен образоване процес.“, рече Лимани.

Истражувањето на УНИЦЕФ покажало дека постигнувањата на учениците во Македонија се под просекот на учениците од Западен Балкан и ЕУ. На шестгодишна возраст, првачињата во Македонија имаат едно од најниските нивоа на планирано време за настава меѓу 79 земји што учествуваат на ПИСА. Бројот на наставници е во постојан пораст, додека бројот на ученици и големината на паралелките опаѓа.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 20 часа

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена