Здравје и убавина
Дебелината носи опасност од рак на бубрезите и на дебелото црево

Лицата со прекумерна тежина се соочуваат со зголемена можност од рак – дури и кога се чини оти се медицински здрави, посочува истражување на Универзитетот Лунд во Малме, Шведска.
Истражувачите проучувале здравствени податоци на речиси 800 илјади жители на Европа. Така, откриено е дека најзагрозени се обезните луѓе со метаболички компликации. Нормалниот крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта не се гаранција за оние кои имаат прекумерна тежина, велат наводите.
Авторот на испитувањата, доктор Минг Сан смета дека многу случаи на рак веројатно би можеле да се спречат со таргетирање на коегзистенција на метаболичките проблеми и прекумерната тежина.
Метаболички здрави мажи со прекумерна тежина имале 67 отсто поголема опасност од рак на бубрезите и 42 насто поголема опасност од рак на дебелото црево. Сепак, поврзаноста со ракот на панкреасот и ракот на ректумот нема таква статистички значајност, според истражувачите.
Вишокот килограми го зголемуваат ризикот од рак на крвта, наречен мултипен миелом, за 50 отсто.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение