Поврзи се со нас

Гостивар

Деби песна на 16 годишната Михаела од Гостивар (кант-автор), свежина на панк-рок сцената

Објавено

на

Страста кон музиката, гитарата и пишаниот збор споени во едно. Михаела Антеска од Гостивар го прави тоа со својата прва песна во панк-рок стил насловена „Insecurities“, која официјално ја промовира денеска. Шеснаесетгодишната гостиварка дебитира на музичката сцена како изведувач и како автор на музиката и текстот.

Се работи за енергична песна со модерен звук и богата инструментална линија во која доминираат гитара и виолина. По неколку месеци снимање, обработка и подготовки песната е објавена на Soundcloud и Youtube.

„Музиката отсекогаш ми била најдобар пријател и омилен начин за да се изразам кога не сум знаела како поинаку, за да кажам што мислам пред другите и да си помогнам самата на себе, кога ми било најтешко. Затоа велам дека во оваа песна оставив голем дел од моето срце и сигурна сум дека тоа се чувствува при самото слушање. Ова ми е прва песна, но со тоа и прв чекор кон мојот сон и иднината што сум ја замислила и ќе ја градам – светски успех на полето на панк-рок музиката и име што ќе остави белег на таа сцена“ , вели младата кант-авторка.

Песната е снимена во студио „Клиника“ на Ивица Брчиоски, кој го направи и аранжманот. Промо фотографиите се продукција на Gostivarpress.mk.

Михаела е ученичка во втора година во гостиварската гимназија. Гитара свири од седумгодишна возраст. Голем љубител е на рок, метал, панк и гранџ музика. Настапувала на клупски свирки, манифестации, како и на фестивалот „Од ребро до рокенрол“ во 2019-та година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 21 минута

Водата од водоводот во Гостивар е безбедна за пиење, извести Комуналец

Македонијапред 1 час

Летното сметање на времето започнува на 26 март

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец пријавен за закани и агресија кон поранешната сопруга

Гостиварпред 3 часа

Засилени контроли-Годинава 145 возачи во Гостивар казнети за погрешно паркирање

Вестипред 4 часа

Земјотрес од 4,7 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија

Спортпред 4 часа

Македонија ја пречекува Малта во првиот натпревар од квалификациите за Еуро 2024

Гостиварпред 5 часа

Церемонија во Гостивар, градоначалникот на Тирана Ерион Велиај стана „Почесен граѓанин“

Вестипред 6 часа

Почна Рамазанскиот пост за муслиманските верници

Гостиварпред 18 часа

Почна со реализација планот за санација на кракот Гарска Река – Тресонче

Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Популарно изминативе 100 дена