Поврзи се со нас

Гостивар

Дечиња чекаат топол дом!„Подај рака-стани згрижувач!“ во Гостивар

Објавено

на

Семејствата од Гостивар кои имаат можост, да ги отворат своите домови и да згрижат деца без родители и свои семејства! Ова е пораката од настанот кој денес се одржа во Гостивар, во рамки на националната кампања „Подај рака, промени живот-стани згрижувач!“ што ја спроведуваат СОС Детско село и Министерството за труд и социјална политика.

„Гостивар е град кој до сега нема развиено ниту едно згрижувачко семејство. Начинот на кој сакаме понатаму да бидеме поинтензивно вклучени и поприсутни во градот е токму преку трибини и почести средби со граѓаните, со цел да ги доближиме до тоа што значи да се биде згрижувач, кои се условите и критериумите да едно смеејство се стекне со статус на згрижувачко, какви деца се згрижуваат, бидејќи знаеме дека живееме во едно турбулентно време, биолошките смејства се почесто се соочуваат со многу предизвици и потешкотии, особено во грижата на своите деца и се јавува потребата тие да бидат згрижени во рамки на згрижувачко семејство. Тоа е идеална форма за грижа на дете кое се одвојува од биолошката средина, бидејќи така детето ќе ги задоволува сите свои основни потреби, права и интереси и му се пружа грижа и можност за натамошен правилен раст и рзавој.“, рече Ана Панчева, раководител на Центарот за згрижувачки семејства.

Како што веќе објавивме Општина Гостивар ќе дава финансиска поддршка од 10.000 денари месечно на згрижувачките семејства.

„ Пред неколку дена се видовме со претставниците на СОС Детско село и ме информираа за активноста што ја организираат заедно со Министерството за труд и социјална политика. Нормално ја прифатив соработката и мислам дека треба да бидеме поддржувачи на оваа иницијатива. Сите семејства во Гостивар кои се подготвени да згрижат дете кое има потреба, би ги мотивирале со поддршка од 10.000 денари месечно.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Потребните информации и деталите за згрижување деца, заинтересираните семејства може да ги добијат во Центарот за социјална работа во Гостивар.

„На Гостивар навистина му се потребни згрижувачки семејства, затоа што имаме дечиња кои чекаат на згрижување, на топол дом. Ги повикувам сите заинтересирани да дојдат во Центарот за социјална работа каде ќе ги информираме за процесот, условите и се друго што треба да го знаат за да станат згрижувачи“, рече директорот на Центарот, Азби Шаќири.

Во земјавата 574 деца се згрижени во 327 згрижувачки семејства. Информации околу процесот на згрижување може да се најдат на телефонскиот број 075-277-447 и веб страницата zgrizuvanje.mk

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 33 минути

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 4 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 6 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена