Гостивар
Дечиња на плоштадот во Гостивар делеа баклава и други специјалитети

Минувачи на градскиот плоштад во Гостивар денес имаа можност да вкусат од надалеку познатата гостиварска баклава, која важи за голем специјалитет. Дечиња од основните училишта и од градинките на штандови делеа парчиња баклава и други специјалитети кои традиционално се послужуваат за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.
Настанот беше организиран во соработка со локалната самоуправа, а штандовите и вредните мали гостиварци ги посети и градоначалникот Арбен Таравари.

„По повод Бајрамското празнување училиштата и градинките подготвиле храна која обично се послужува на гости кога доаѓаат за празникот. Ова е една убава активност, децата се во непосреден контакт со граѓаните и едноставно да се осети дека имаме празнична атмосфера во градот“, рече градоначалникот.


-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение