Поврзи се со нас

Вести

Дечињата во Гостивар со песна го најавија Христовото раѓање (фото)

Објавено

на

Дечињата денес создадоа празнична атмосфера и расположение низ гостиварските улици, најавувајќи го со песна утрешниот празник Божиќ, денот на Христовото раѓање.

Поворката тргна од Црквата Пресвета Богородица на градскиот плоштад, се движеше низ улиците „Илинденска“ и „Гоце Делчев“ и заврши во црквата Св.Петка кај железничката станица. Децата ги симболизираат ангелите, на чело на поворката ја носеа Витлеемската пештера, а носеа и божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Ги имаше од сите возрасти, дојдени да учествуваат во оваа возобновена православна традиција.

Придружувани од свештенослужителите од гостиварското архиерејско намесништво, најмалите гостиварци со радост и со гордост ја пееја коледарската песна Вечниот Бог.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена