Гостивар
Деца запоставени од родители талкаат по улици во Гостивар – проблемот се врти во круг

Објавено
пред 5 месецина

За детството обично се вели дека е најбезгрижниот период од животот. Но, примерот со овие дечиња од Гостивар, докажува дека ова не важи за сите.
Наместо во убава семејна атмосфера, или на дружба со врсничиња, тие деновите ги поминуваат по улици. Без вистинска родителска грижа, питаат од минувачи, талкаат бесцелно. Навечер, спијат кадешто ќе најдат. Под ведро небо, во руинирани објекти или згради во изградба.
Ги сретнавме токму на едно такво место во Гостивар. Кратко рекоа дека не сакаат да одат дома, оти од родителите трпат насилство. Потоа се разбегаа.
Случајот не е непознат за гостиварските социјални служби. Стручните лица велат дека се работи за дисфункционално семејство, односно родител, кој злоупотребува алкохол.
„Овие деца немаат адекватни родители, тие ги занемарувале долго време и сега немаат авторитет над нив. Нормално дека кога дете е занемарувано долго време и оставено само на себе, нема да ги почитува родителите, нема да ги слуша. Нема што родителите да се чудат кога тоа ќе се случи. Овие деца имаат домување, има каде да спијат и што да јадат, но негрижата на родителите го направила своето и не сакаат да бидат дома“, вели психологот Билен Карахасан.
Најдобро решение при вакви случаи е згрижување на децата по службен пат, сметаат социјалните работници. Но, сложените процедури и немањето услови го отежнуваат тоа, па проблемот се врти во круг.
„Најдобра постапка е сместување на овие деца. Како човек што го работи ова, ова е моето мислење. Но, ако ме прашате Зошто тоа не сум го направил, зошто не сум ги сместил, ќе кажам дека немаме место за овие деца. Нема каде да ги однесеме. Ние имаме проблем со болниците, не можеме место да најдеме за болните. Значи, реално имаме системски проблем, и не можеме да ги затвораме очите и да се лажиме. Имаме проблем и треба јасно и гласно да го кажеме тоа, за да можеме да бараме и решение“, вели психологот со долгогодишно искуство во работата со деца на улица.
Социјалните службите во Гостивар бележат повеќе слични вакви примери. Најголемиот проблем го гледаат во неможноста да се интервенира веднаш во сместување и згрижување на децата, со што би се дало простор и време за преземање на други мерки.
АНКЕТА:

Малолетник каснат од куче скитник во Добридол

Средношколците најавуваат бојкот на второто полугодие поради државната матура

СВР Тетово го најде лицето кое објави видео од патарина на „Тик-ток“

Од утре седење во кафеани, ресторани, пицерии до 21 часот

Охриѓанец во Гостивар лажел дека е од Америка и не сакал да се легитимира

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

Одбележување на Водици во Гостивар согласно мерките за заштита од ковид, сепак традицијата не се прекина

Голем православен празник Богојавление – Водици

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Од полноќ нови цени на горивата

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата