Поврзи се со нас

Гостивар

Децата немаат почит, ни дисциплина, родители разбудете се! Аларм од психолозите

Објавено

на

Последниот шокантен случај во Србија, кога 13 годишно момче со пиштол, во училиште усмрти осум ученици и чувар, отвори многу прашања и покрена дебати околу тоа: што ги поттикнува децата на насилство, зошто имаат толку негативни чувства, омраза и гнев во себе, колку родителите им обрнуваат внимание, која е улогата на училиштата во градењето на една личноста итн…

Психолозите алармираат дека е крајно време, родителите да почнат да посветуваат повеќе време на своите деца, да им всадуваат вредности на почит, да ги научат на дисциплина, да воспостават поголема контрола на тоа што децата гледаат на телефоните, да разговараат со нив на разни теми…

„Кај децата е пореметена социјализацијата, вредносниот систем. Тие не разликуваат постар – помлад, немаат кодекс на однесување. Денес не им нуди модел на однесување како порано, кога се знаело дека постариот треба да се почитува, се знаело каде е местото на детето, а каде на одговорниот, на постариот во семејството, на учителот, се знаело што е училиштето. Сега се доведовме до степен да децата се закануваат на наставниците, на постарите, никој нема авторитет над нив. Ова е голем аларм за сите родители, да ги остават мобилните телефони настрана и да се посветат на своите деца. Да ги научат што значи постаро лице, да ги научат на хиерархија на вредности. Голема е одговорноста на родителите. Да се разбудат! Не да одат во училиштата и да бараат високи оценки за децата, да се расправаат со наставниците, туку да ги научат децата да ги почитуваат, и да им вградат чувство за авторитет. Ако тоа чувство децата не го изградат додека се во училиште, понатаму во животот нема да имаат почит ниту кон државата, ниту кон полицаец, ниту кон било кого.“, вели психологот Билен Карахасан од Центарот за социјална работа Гостивар.

Долгото сурфање на интернет и играње секакви виртуелни игри ја пореметува претставата за реалноста, подвлекува тој.

„Голем дел од игрите што ги играат или тоа што го гледаат на интернет е исполнето со насилни содржини и децата повеќе време поминуваат во тој виртуелен свет отколку во реалниот. Таму убиваат некакви зомби, имаат оружје, и кога ќе се вратат во реалниот свет често доаѓа и до забуна кај нив, каде и што е самата реалност. Се покажа дека децата немаат чувство за болка, за губиток, не искажуваат сочувство. Родителите нека внимаваат како децата го трошат времето, какви содржини вреднуваат. И училиштата мора да издвојат простор и време да се дискутира на таа тема. Во спротивно, вака како што е денес имаме рецепт за катастрофа, каква што добивме во Србија, а таква катастрофа може лесно и нам да ни се случи.“, нагласува Карахасан.

По трагедијата во Србија, дел од децата манифестираат поддршка за ученикот кој пукаше, се поистоветуваат со него, па дури го копираа со правење листа со имиња на наставници и соученици со закани кон нив.

„Ваквите коментари треба да се сфатат многу сериозно од страна на професорите, да се повикаат родителите, тоа не е шала. Да се поработи со тие родители, дисциплински да делуваат на децата, не треба да помине како шала, ова во нашиот град може утре да се случи помина време на тоа кога работите ги гледавме површно, сега е време крајно дојдено да сфатиме дека е важно и да делуваме.“, предупредува психологот.

Стручните лица сметаат дека е потребно, особено периодов, по ваквото случување, во сите училишта да се одржат посебни часови за разговор и совети со учениците.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 41 минута

Петти ден потрага по Вања, вклучени стотици полицајци, прегледани 50 камери, сослушани 10-тина лица

Вестипред 1 час

ФЛЕШ ВЕСТ| ЦУК: Патот до Галичник исчистен и прооден

Вестипред 2 часа

Земјата денес може да биде погодена од геомагнетна бура

Македонијапред 2 часа

Мухамед Зеќири казнет со 2,5 години затвор

Македонијапред 4 часа

Светски ден за борба против СИДА, годинава во земјава 46 нови случаи

Македонијапред 5 часа

Лавров: Луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент

Гостиварпред 6 часа

Голомразица и ризик од одрони на патиштата кон Стража, Маврово и по долината на Радика, апел за особена внимателност

Македонијапред 7 часа

Проверете го броилото да се осигурате дали имате дневна евтина струја

Гостиварпред 9 часа

Викенд временска прогноза

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 1 недела

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 4 недели

Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште

Гостиварпред 7 дена

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 3 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 1 недела

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена