Гостивар
Децата од Гостивар и Тетово се едуцираат за ризиците од дрога и опасноста од трговија со луѓе

Секторот за внатрешни работи Тетово започна со имплементација на два нови превентивно-едукативни проекти „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“ и „Превенција од трговија со луѓе и деца“, чиј носител е Отсекот за превенција.
Во рамките на овој проект со кој ќе бидат опфатени околу 3000 осмоодделенци од тетовските и гостиварските училишта кои следат настава на македонски, албански и турски јазик, стручно обучени полициски службеници поблиску ќе ги запознаат ученици со опасностите од болестите на зависност и пред се од консумирање дрога и алкохол. Покрај ова, ќе им се укаже и на штетните здравствени, социјални и општествени последици од ваквите пороци, но и законските импликации. Осмооделенците, исто така, ќе бидат информирани и за тоа како да го препознаат евентуалното нивно вовлекување во трговија со луѓе, што значи тоа и кои можат да бидат крајните последици. На учениците ќе им се презентираат и конкретни примери на трговија за луѓе и потребата да бидат до крај внимателни и да избегнуваат непосредни контакти со непознати лица или преку социјалните мрежи, а кои најчесто ги залажуваат и им нудат средби, пари или предизвици.
Проектите, кои ќе се одвиваат паралелно се планира да завршат до почетокот на идниот месец.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение