Гостивар
Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Весело и несекојдневно предновогодишно доживување за децата со попречености во Гостивар. На денешната новогодишна хуманитарна забава која ја организираше Здружението When in Trouble, ги посетија Дедо Мразовци на мотори, се дружеа со нив и им ги поделија новогодишните пакетчиња.
Радоста и возбудата во детските очи покажа дека гестовите на внимание и љубов, преплетени со креативни идеи се добредојдени и бесценети.
Предновогодишната забава за дечињата со посебни потреби во Гостивар здружението ја организираше традиционално по 13-ти пат.
„Секоја година благодарение на хуманите граѓани и компаниите кои нѐ поддржуваат хуманитарната забава станува сѐ поинтересна. Ете, годинава имаме Дедо Мразовци кои пристигнаа на мотори со украсена приколка полна со подароци. Целта ни е како и секоја година, предновогодишно да ги израдуваме дечињата со посебни потреби. Ме радува што сѐ поголем е бројот на подароци, годинава имаме веројатно некаде над 200 пакетчиња. Се надевам дека догодина ќе успееме да обезбедиме уште повеќе .“, истакна претседателката на здружението, Билјана Беловинова упатувајќи благодарност до сите кои ги поддржуваат и помагаат овие активности:
„Ја користам оваа можност од срце да се заблагодарам на секој еден кој придонесе, на сите кои донираа и помогнаа организациски да ги спроведеме замислените и планирани идеи“.
Претходно When in Trouble подели пакетчиња за корисниците во Дневниот центар, а наредните денови ќе подарува и на дечињата пациенти на педијатриското одделение во гостиварската болница, во Центарот за аутизам како и на социјално ранливи категории.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо