Поврзи се со нас

Гостивар

Дефектни автобуси и комбиња возат во гостиварско – 14 исклучени од сообраќај

Објавено

на

Вчера (20 март) од 8 до 13 часот, на подрачјето на Гостивар и Тетово, Секторот за внатрешни работи спроведе уште една акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници (автобуси, минибуси и такси комбиња).

Со контролата вкупно биле опфатени 128 возила, од кои 52 на гостиварското и 76 на тетовското подрачје. Од контролираните возила кај 25 биле откриени неисправни сопирачки и тоа 9 во Гостивар и 16 во Тетово. Пет од возилата во Гостивар имале неисправен уред за управување и едно, недостиг на опрема.

„Поради констатираните недостатоци, од сообраќај биле исклучени 30 возила, 16 во Тетово и 14 во Гостивар. Вкупно на 37 возачи изготвени им се прекршочни платни налози, а на осум, барања за поведување на прекршочна постапка. Согласно Законот за возила, паричните глоби за техничка неисправност на возилата се движат од 120 до 2000 евра во денарска противвредност, зависно од видот на прекршокот и дали станува збор за физичко или правно лице“, информира СВР.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена