Поврзи се со нас

Гостивар

Дефектот на водоводот во Гостивар саниран ноќеска, извести Комуналец

Објавено

на

По околу 15 часа прекин на водоснабдувањето во Гостивар, доцна синоќа протече вода од чешмите на гостиварци. Од Јавното претпријатие „Комуналец“ известија дека дефектот на водоводот бил саниран.

„Процесот на замена на стари азбестни цевки со нови цевки во рамките на проектот СЕКО се одвива во неколку фази, при што се појавуваат различни дефекти кои предизвикуваат прекини на водоснабдувањето. И во услови на врнежи од дожд нашите екипи интензивно работеа до касните вечерни часови за санирање на дефектот и враќање на снабдувањето со вода на целата територија на општина Гостивар.“, се вели во известието.

Претходно во текот на вчерашниот ден од претпријатието информираа дека водата не треба веднаш да се користи за пиење, туку само за санитарни потреби.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена