Поврзи се со нас

Вести

Декемвриските плати за наставниците во гостиварските училишта со последниот воз

Објавено

на

Скоро една недела по донесувањето на одлуката за времено финансирање на општина Гостивар, наставниците и професорите се уште ја немаат добиено декемвриската плата. Иако со временото финансирање се стави во функција општинската жиро сметка и се очекуваше побрза исплата на платите, до 14 часот денес, парите не беа стигнати до просветарите. Причина се процедурите кои биле неопходни да се поминат изминатите денови, во однос на подготовка и читање на планот и програмата за временото финансирање во општината и во Министерството за финансии.

Од двете места добивме потврда дека сите обврски од нивна страна се веќе завршени и најава дека   вработените во основните и средни училишта на подрачјето на Гостивар треба да ја добијат платата утре.

Декмвриската плата се уште ја чекаат над 1.400 просветни работници. Недонесувањето на буџетот за 2018, освен за нив создаде проблеми со исплата на платите и на вработените во градинките, пожарникарите и локалната администрација.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена