Поврзи се со нас

Рецепти

Декоративни палачинки со пилешка салата

Објавено

на

Пилешката салата е многу вкусна и затоа е одличен избор за сите семејни прослави.

Наместо класична салата послужена во чинии, може да ја послужите со палачинки. На овој начин ќе добиете декоративен солен десерт кој ќе ја збогати и разубави трпезата.

РЕЦЕПТ ЗА ПИЛЕШКА САЛАТА (за полнење на околу 20 палачинки)
500 гр. пилешки гради
мало пакетче маринирани печурки
половина главица кромид
2 павлаки
Малку масло и зачини (бибер, сол, оригано)
1-2 лути пиперчиња (туршија)

ПОДГОТОВКА:
Стекот се вари, па се миксира или се сечка на многу ситни парчиња. Во тава за пржење ставаме масло и го пржиме ситно сечканиот кромид, малку да омекни. Ги додаваме сечканите печурки и пржиме уште неколку минути. Кромидот и печурките ги додаваме на иситнетиот стек, додаваме сол, црн бибер, оригано, по желба и сечкани лути пиперчиња, како и двете павлаки. Убаво мешаме додека се добие хомогена смеса.

СОВЕТ: При варењето на стекот, во водата ставете и морков, па од течноста може да си направите супа.

ПОДГОТОВКА НА ПАЛАЧИНКИТЕ
Врз секоја палачинка се ставаат мали листови марула (претходно измиени и исцедени) на тој начин што марулата малку да излегува од двата краја на палачинката. Ставаме салата и ја виткаме палачинката како ролат. Секоја палачинка ја сечеме накосо по средината и ги редиме во чинија.

СОВЕТ: Најдобро е палачинките да ги направите сами, бидејќи подобро изгледаат ако се потенки. Колку е палачинката подебела, толку погрубо делува свиткана како ролат.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена