Поврзи се со нас

Македонија

Дел од пекарите со одлука да го поскапат лебот

Објавено

на

Зголемувањето на цената на пченицата, како и на горивата во последната година ги натера дел од фирмите од пекарската индустрија во Македонија да го поскапат лебот. Се очекува новите цени да бидат 2 до 3 денари повисоки.

„Ова покачување од мелничко пекарската индустрија би било од 10 до 20 %, во зависност од типот на лебот и пекарата, за да се покријат загубите кои ги претрпуваме. Одлуката на секоја фирма е поединечна зависно од нејзината конкурентност, профит и други фактори “, велат од Мелничко-пекарското здружение при Стопанската Комора на Македонија.

Во врска со поскапувањето на лебот, Министерството за земјоделие излезе со став дека ја следат состојбата и доколку дојде до драстично зголемување на цените, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, ќе се интервенира преку Агенцијата за стокови резерви.

Последните зголемувања на цените на брашното и лебот беа напавени во 2007 и 2011 година, како резултат на поскапувањата на житните култури и нафтата. Според мелничарите, Македонија е земја каде се продава најевтиниот леб во Европа.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена