Вести
Делегација на УНДП го посети новиот градоначалник Таравари

Делегација на УНДП, предводена од постојаната претставничка за Македонија, Луиза Винтон ја посети општина Гостивар и оствари средба со новиот градоначалник Арбен Таравари.
Од општинската служба за информирање соопштија дека на средбата било разговарано за проектите од изборната програма од областа на образованието, заштитата на животната средина, намалување на невработеноста, локалниот економски развој, транспарентност и отчетност, борбата против корупцијата и друго.
„Градоначалникот даде до знаење дека од поранешниот градоначалник наследил празна каса со огромни долгови, чија висина се уште не се знае точно. Воедно, се заблагодари на УНДП за досегашната соработка со општина Гостивар, изразувајќи подготвеност за уште подлабока и потранспарентна соработка во иднина, уверувајќи дека тој и општинската администрација ќе бидат достојни партнери за соработка“, стои во соопштението.
Од општината додаваат дека Винтон, изразила подготвеност покрај актуелните проекти финансирани од страна на УНДП, во иднина да финансираат поголеми и позначајни проекти.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!