Гостивар
„Ден на франкофонијата“ утре по деветти пат во Гостивар
Утре, сабота (18 мај) по деветти пат во Гостивар ќе се одржи манифестацијата “Ден на франкофонијата“, чија тема годинава е „Сите на брод, тргнуваме кон Франкофонија“.
Како што е најавено, на манифестацијата ќе учествуваат ученици од основните и средните училишта од Гостивар, Добри Дол, Врапчиште, Тетово, а како гости оваа година за првпат ќе земат учество и ученици од Средното училиште “Раде Јовчески-Корчагин“ од Скопје, како и од училиштата од Кавадарци, Лозово и Пехчево. Учениците ќе пеат, танцуваат, ќе играат и ќе изведуваат точки на француски јазик.
Најавено е присуство на Амбасадорот на Република Франција во Скопје, Кристијан Тимоние.
Настанот ќе се одржи во Центарот за култура во Гостивар, со почеток во 16 часот, а влезот е бесплатен.
Манифестацијата ја организираат професори по француски јазик од Гостивар, како дел од Здружението на професори по француски во Македонија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар