Поврзи се со нас

Гостивар

Ден на македонската полиција – Спасовски: Горд сум што во МВР работат професионалци

На денешен датум, 7-ми мај се одбележува Денот на македонската полиција. Празникот е востановен со одлука на Владата, од 20 април 1993 година.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 7-ми мај упати честитки и порака во која се вели: „Горд сум што и покрај сите негативни случувања во минатото, во ова министерство работат професионалци кои непоколебливо се борат против криминалот и корупцијата, против тероризмот, се грижат за јавниот ред и мир и секојдневните потреби на граѓаните. Во декември 2018 година беа исплатни покачени плати за 4.900 полициски службеници, за кои на годишно ниво одвоивме 79 милиони денари. И во периодот пред нас продолжуваме со подобрување на условите за работа, продолжуваме со реновирањето на полициските станици. Набавката на униформи да стане редовна активност, а не исклучок. Специјализираните оддели да бидат опременувани со модерна опрема со која ќе можат подобро да ги извршуваат своите работни задачи. Да не заборавиме наш партнер се и граѓаните. Сакаме да бидеме близу до нив, да превенираме и да ја зголемиме безбедноста на граѓаните и затоа ја воведовме позорникарската служба. Полицајците позорникари ја зголемуваат безбедноста во населените места, ја зајакнуваат борбата против криминалните појави, а со ова ја зголемуваме и довербата во полицијата. Во следниов период ќе работиме и на системско решавање на функционалните проблеми и ќе го зајакнеме институционалниот и административен капацитет на министерството. И во иднина, мој и на сите нас приоритет останува да ни биде заштитата на безбедноста и сигурноста на нашата држава и нашите граѓаните.“

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!