Македонија
Ден на Македонската револуционерна борба
Во Македонија денес се добележува Денот на Македонската револуционерна борба. На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, биле поставени темелите на организираното македонско револуционерно движење со формирањето на Македонскиот револуционерен комитет. Овој комитет го создале: д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев со мисија борба за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од странски земји. Од него подоцна произлегува Внатрешно Македонска Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903, Крушевската република и НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.
Денешниот датум во земјава од 2007 година се празнува како државен празник.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди