Гостивар
Ден на пожарникарството – хумана, одговорна, пожртвувана професија
Датумот 20-ти мај во Македонија е прогласен за Ден на пожарникарството, во чест на формирањето на првата противпожарна единица во Битола, во далечната 1836 година кога се удрени темелите на оваа професија во земјава.
Командирот на Противпожарната единица во Гостивар Јусуф Бајрами, вели дека условите за работа постепено се подобруваат, но потребен е погоме број на пожарникари.
„Најпрво би сакал на сите колеги да им го честитам Денот на пожарникарите и да им се заблагодарам за трудот и хуманоста што ги даваат од себе на работното место. Може да кажам дека изминатиот период условите во објектот на Пожарната значително се подобрени. Старите прозорци и врати беа заменети со нови, се извршија и други санации и реновирања. Сепак, зградата е стара, потребни се и дополнителни зафати, а како најважно ни е да се среди покривот. Во однос на човечките ресурси треба да се нагласи дека имаме потреба од повеќе пожарникари. Во нашата служба има 38 пожарникари, а сите не се со решение за работа, дел се со договори. Законски според територијата што ја покриваме треба да имаме 80 пожарникари. Навистина е неопходно да се вработат уште луѓе.“, рече Бајрами.
Гостиварската Противпожарна единица располага со четири камиони за гаснење на оган. Искуството покажало дека потребата е голема од специјално возило за интервенции на височина, кое се надеваат дека во иднина ќе биде обезбедено преку надлежните инситуции.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар