Поврзи се со нас

Вести

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Објавено

на

    Со скок од 19 места и позиционирање на 38-то место, според минатогодишниот извештај на Репортери без граници, но и со плати под просечните, небезбедни услови за работа и случаи на закани и насилство врз новинарите, Македонија денеска го одбележува 3 Мај, Денот на слободата на медиумите.

    Дали ќе ја задржи 38 позиција и ќе оди нагоре или надолу ќе покаже новиот извештај, но иако во сите релевантни меѓународни мерења е забележан одреден напредок во медиумската сфера, сепак забелешките и загриженоста циркулираат околу високата корупција и неефикасниот правосуден систем, кои продираат во сите општествени сфери, па така го дестабилизираат и амбиентот на целокупното функционирање на медиумите.

    Но сепак „Репортери без граници“ забележа дека иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостигот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Беше потенцирано и дека продолжува и тенденцијата владините функционери да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите.

    Во однос на политичкиот контекст Репортери без граници лани напомена дека целокупната средина останува поволна за слободата на медиумите и дозволува критичко известување, иако транспарентноста на институциите е прилично слаба. Поради силната политичка поларизација, забележува Репортери брз граници, медиумите можат да бидат подложени на притисок од страна на властите, политичарите и бизнисмените. Во извештајот беше наведено и двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создале паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание, а оценија дека јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност.

    Се уште важат препораките на Комисијата од минатата година, па така во текот на оваа година Македонија треба да ја ревидира законодавната рамка поврзана со медиумите и истата да се усогласи со европското законодавство и европските стандарди, особено во однос на правилата за конкуренција и државна помош, правата на интелектуална сопственост, што претставува дел од заедничниот пазар на ЕУ, да го засили спроведувањето на стратегијата за реформа на јавниот радиодифузер и да се финализираат назначувањата во Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и Советот на медиумскиот регулатор, како и да се продолжи со итно адресирање на сите закани и чинови на насилство против новинари и да се овозможи сите сторители да се доведат пред лицето на правдата.

    Седумдесет проценти од медимските работници во земјава со потпросечни плати

    Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски вчера на прес-конференција истакна дека новинарите се соочуваат со многу проблеми, но дека со сплотеност и храброст може да се надминат.

    • Го одбележуваме 3 мај Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓутоа секогаш кога зборуваме за слободата се присетуваме на овој ден што јас неволно сакам да констатирам дека е премалку во еден ден да се собереме и пожалиме. Затоа денеска оттука треба да испратиме неколку пораки, а тоа е поврзувано со слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на слобода на говор, рече Беловски.

    Нагласи дека кога се зборува за слободата на говор не треба да се заборави дека слободата на медиумите се темели на здраво работно место и слобода на изразување.

    • Оттука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови? За да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70 проценти од вработените или над 2 000 медиумски работници се со плати под просекот во државата и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија, порача Беловски.

    Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Макеоднија (ЗНМ) порача дека новинарите се уште работат во небезбедни услови и се предмет на заплашување и насилство.

    • 3 Мај служи како потсетник за ризиците со кои се соочуваат новинарите во потрагата по вистината во име на граѓаните. Слободата на медиумите е многу често поврзана со правото на пристап на информации, а овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право клучно за информирано општество и за носење одлуки за функционирањето на една демократија. Мали чекори во подобрувањето не се секогаш доволни и може да се направи многу повеќе посебно во период како изборниот во кој се наоѓа нашата земја, рече Секуловски.

    Слободните медуми клуч за демократијата, особено во момент кога во светот се одржуваат избори во 40 земји

    По правило најслободни се медиумите во нордиските земји, па така во минатогодишниот извештај на Репортери без граници, најдобро рангирани беа Норвешка, Данска, Шведска, Ирска, Финска, додека некои од азиските земји се на дното на скалата. Лани тоа беа Туркмениста, Иран, Виетнам, Кина и Северна Кореја.

    А слободните медиуми се особено важни во изборните процеси и зацврстување на демократијата во светот, а оваа година освен кај нас каде се одржуваат двојни избори и претседателски и парламентарни, избори се одржаа или ќе се одржат во околу 40 земји во кои живеат повеќе од половина од светското население, а меѓу нив се и изборите за Европскиот парламент (од 6 до 9 јуни) и САД (5 ноември). Повеќе од четири милијарди луѓе од почетокот на годината излегле или ќе излезат на гласање и ќе го одредат патот по кој ќе движат државите во кои живеат.

    Генералната секретарка на Советот на Европа (СЕ), Марија Пејчиновиќ Буриќ вчера во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите ја истакна важноста од заштитата на новинарите, особено во клучната изборна 2024 година, со цел зачувување на демократијата.

    • Додека милиони граѓани во Европа и другите континенти гласаат на клучните избори во 2024 година, мора да се потсетиме на критичната улога што ја играат новинарите и квалитетните медиуми во обезбедувањето пристап до плуралистички и веродостојни информации и разновидни мислења и идеи, за да можеме да носиме информирани одлуки за остварување на демократските права, рече Пејчиновиќ Буриќ, соопшти СЕ.
    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Светпред 6 часа

    „Ова е само почеток, уште ништо не сте виделе“ рече Трамп, на одбележувањто 100 дена од својот втор мандат

    Гостиварпред 7 часа

    Екипи од медицинско и „Мустафа К. Ататурк“ со први места на натпреварот по прва помош во Гостивар

    Гостиварпред 8 часа

    Ревизија на ДЗР на Основниот суд во Гостивар покажала системски слабости и неправилности

    Македонијапред 9 часа

    Почна тестирањето за вработување приватни специјализанти во Скопје, за Гостивар во понеделник

    Гостиварпред 12 часа

    Децата со посебни потреби почесни гости во Советот на Гостивар

    Вестипред 14 часа

    Општински натпревари по прва помош во Гостивар, учениците покажуваат знаења, вештини и хуманост

    Македонијапред 17 часа

    Истекува мерката за ограничување на маржите, ќе има ли поскапување на храната?

    Гостиварпред 1 ден

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Гостиварпред 1 ден

    Се бара решение за големото свлечиште во Галичник

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 3 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 3 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Магазинпред 3 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Занимливостипред 4 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Културапред 4 недели

    Гостивар во чест на моќта и безграничноста на стиховите – Поетски настан за Денот на поезијата

    Светпред 2 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Гостиварпред 3 недели

    Министерот за култура и туризам Љутков во работна посета на Гостивар

    Гостиварпред 3 недели

    Љутков: Повеќето културни установи во Гостивар без соодветни услови, ќе мора да се интервенира

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена