Вести
Ден посветен на Св.Трифун, чувар и заштитник на лозјето

Православните христијани денес, 14 февруари, го слават празникот востановен во чест на Св.Трифун, кој се смета за чувар и заштитник на лозјето.
Според обичаите, лозарите за првпат одат на лозјата во новата календарска година и ги закројуваат, надевајќи се дека така светецот ќе помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино. Попрскувањето на лозјата со светена вода и поткаструвањето на гранчињата, се прави со верување дека свети Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме. Исто така, постои верување дека светецот на својот празник забодува факел во земјата, па снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето.
Народот многу повеќе знае за обичаите, традициите на празниците, отколку за животот на самиот светец што го чествува. Кој бил Свети Трифун?
Според преданијата, Свети Трифун живеел во трети век, а се родил во сиромашно семејство во мало селце во Мала Азија, во областа Фригија. Родителите од мал го дале да ги пасе гуските во селото. Пораснал како беден гускар и како младич им служел на селаните и им помагал на сите. Господ го наградил за неговата добрина и му дал дар на чудотворство, да лекува болни и да ги заштитува лозјата, овоштарниците, градините, посевите и нивите. Во Рим ја излекувал ќерката на царот Гордијан, па тој богато го наградил. Св.Трифун богатството го раздал на сиромасите и продолжил да живее скромно, во пост и во молитва и да им прави добро на луѓето. Но, кога на престолот дошол цар Дациј, којшто чул дека Трифун проповеда христијанство, му ја отсекол главата. Св.Трифун бил убиен токму на 14 февруари.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!