Поврзи се со нас

Гостивар

Ден со радост и креативност за дечињата со попречености во Гостивар

Објавено

на

Денешниот ден беше посебен за децата со попречености од Гостивар, исполнет со убави моменти, споделување радост и креативност во склоп на фотографска работилница под менторство на фотографот Осман Демири.

Активноста ја организираше Здружението „Заедно можеме“. Децата низ дружба и во прошетка на градот добија можност да се запознаат со тајните на фотографирањето, а делата што ги создадоа ќе бидат изложени на аукција.

„Дружбата ја започнавме од Кејот на Вардар и ја продолживме на повеќе локации кои се специфични и препознатливи за Гостивар. Нашите ангели навистина уживаа, поминаа прекрасен ден од кој се родија убави фотографии и истите ќе бидат изложени на аукција која е планирана за наскоро.“, вели претседателот на здружението Шпенди Салија.

На аукцијата, исто така, за продажба ќе бидат изложени и уметнички дела кои децата ги создадоа под менторство на гостиварски уметници и во рамки на работилницата од неодамнешниот арт симпозиум во Струга. Средствата што ќе бидат собрани ќе се искористат за натамошни активости насочени кон децата со попречености.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена