Поврзи се со нас

Вести

Денес е Бадник, голем православен празник пред денот на Христовото раѓање

Објавено

на

Православните верници денес го одбележуваат празникот Бадник, денот пред Божиќ. Познатата поговорка вели: Пред Божиќ, зад Божиќ, кај и да си, дома да си!. Ова ја означува симболиката на празнувањето, целото семејство да биде заедно. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници.

Како дел од прославата на Бадник и Божик низ улиците на сите градови во Македонија се одржува воозобновената древна традиција „Бадникови поворки“ со што децата го најавуваат Христовото раѓање. На поворките децата ја пеат старата божиќната песна “Вечниот Бог”, носат пештера коja го прикажува Христовото раѓање и носат божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.

Традицијата нагала семејството на Бадник да се собере на заедничка вечера на богата, но посна трпеза. Обичај е најмалиот во семејството со погача да затропа на врата и на прашањето кој е, да каже “Дојде Бадник на вечера” или се отвора прозорот и домаќинот ги кажува зборовите “Дедо Боже дојди да вечераме”. Во погачата се става паричка, таа се крши и се смета дека тој што ќе го најде паричето, ќе има среќа цела година. Обичај е по вечерата, трпезата да не се крева. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. Според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се бдее до полноќ, да се дочека Христовото раѓање.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ, најголемиот христијански празник. 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена