Македонија
Денес е Меѓународен ден на лицата со попречености
Денеска е 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Годинава темата на Обединетите Нации за овој ден гласи: „Промоција и учество на лицата со попречености и нивното лидерство“.
Трети декември се одбележува од 1992 година кога Генералното собрание на Обединетите Нации го прогласи за Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Денот има за цел да промовира подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивки кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот на нивните заедници.
Денес се смета дека најмалку 10% од светската популација или 650 милиони луѓе живеат со попреченост. Овој број во неразвиените и земјите во развој е значително поголем за разлика од развиените и побогати земји. Околу 20% од сиромашните луѓе во светот се лица со посебни потреби. Во многу земји со ниски и средни приходи, само 5-15% од луѓето со посебни потреби, кои бараат асистивни уреди и технологии, имаат пристап до нив. Статистиката вели дека процентот на деца со посебни потреби кои не посетуваат училиште е крајно променлив и е помеѓу 65 – 85% во некои африкански земји.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград