Поврзи се со нас

Вести

Денес е Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Објавено

на

Дваесет и први февруари светот го одбележува како Ден на мајчиниот јазик. Денес на земјината топка се говори на повеќе од 6000 јазици, но на половината од нив во разни делови на светот им се заканува исчезнување. Статистиката покажува дека во последните три века има значително изумирање и намалување на бројот на таканаречните мали јазици. Ова особено ги погодува одредени земји во Америка и Австралија.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е убава можност да се проговори за важноста од сочувување и негување на мајчиниот јазик, но и за важноста на јазичната разновидност. Мајчиниот јазик како културно и духовно наследство е исклучително значаен за идентитетот на секој народ.

21-ви февруари бил прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од УНЕСКО во 1999 година.

Денешниот ден е добар повод да се потсетиме на пораката од големиот преродбеник Крсте Петков Мисирков:

„Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е!“-

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена