Вести
Денес е петок 13 – Интересни податоци и верувања
Без разлика дали сме малку или повеќе суеверни, изразот Петок 13 предизвикува непријатност заради неговата поврзаност со малерот и несреќите. Но, треба да сме свесни дека само од нас зависи дали ќе се плашиме од некој датум и ден или ќе го разбиеме таквото расположение и мислење. Еве неколку податоци врзани со малерозниот Петок 13.
Има повеќе верувања за потеклото на митот за петок 13. За историчарите најубедлив е настанот што се случил на 13 октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапси и погуби водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј заедно со шеесетина негови најблиски приврзаници.
Тоа што самиот број 13 луѓето го сметаат за несреќен, се одразува во секојдневното живеење и културите на многу земји. Така, многу хотели и станбени згради немаат 13 кат. Бројката се избегнува во секоја можна ситуација.
Може ли да помине година без Петок 13?. Истражување од „National Geographic“ открива дека е невозможно целосно да се прескокне. Датум 13 во ден петок, ќе се погоди барем еднаш во календарската година.
Суеверието за „несреќниот“ број 13, го поттикнува и Холивуд и издавачката продукција со многубројни дела на таа тема. Има ли некој што не ги знае филмски хорор серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи или книгата и филмот посветени на вселенскиот брод Аполо 13?
Стравот од петок 13-ти се нарекува параскеводекатриафобија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди